Виртус го надигра Дубаи во Евролигата

Виртус Болоња им се врати на победите во Евролигата откако во 22. коло славеше на гостувањето кај Дубаи со 72-80.

Италијанскиот тим беше подобар противник во поголемиот дел од натпреварот, во еден момент во второто полувреме водеше и со двоцифрена предност, но до триумфот стигна во последните 10. минути благодарение на серијата од 8-0 со која негативата од еден напад беше претворена во позитива од шест поени за мирен финиш на средбата.

Лидер на Болоња беше Едвардс со 21 постигнат поен, додека Аврамовиќ со 17 поени и 5 скокови го предводеше Дубаи.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...