Виртус ја освои титулата и му ја посвети на болниот Полонара (видео)

Виртус Болоња славеше со максимални 3-0 во финалната серија против Бреша и заслужено се закити со титулата во италијанскиот шампионат, вкупно 17. трофеј за „болоњезите“ во елитното италијанско кошаркарско друштво.

Прославата беше особено емотивна, откако капитенот Белинели во соблекувалната веднаш му се јавил на Ахиле Полонара, асот на Виртус кому пред десетина дена му беше дијагностицирана леукемија, по што италијанскиот репрезентативец му следи тешка животна битка.

„За тебе Аки, како што ти ветивме“, гласи насловот на видеото од соблекувалната на Виртус, во која се гледа видео-повикот и прославата во чест на болниот кошаркар.

Се вчитува...