Виртус со звукот на сирената го победи европскиот шампион

Кошаркарите на Виртус Болоња во драматичен натпревар го совладаа европскиот шампион Олимпијакос со 96:94 и тоа со поени во последната секунда.

Во ефикасната прва четвртина двете екипи се менуваа во водство, но Виртус со четири поени во низа успеа да дојде до 33:30. Во втората четвртина Олимпијакос направи серија 3:13, но предноста брзо се истопи бидејќи Виртус возврати со своја серија од 11:0. Италијанскиот тим не ја зачува предноста на полувреме бидејќи Олимпијакос преку Фурние и Везенков замина на одмор со водство од 49:50.

Третата четвртина му припадна на Виртус благодарение на мини-серијата од 7:0, за во одлучувачките десет минути, Олимпијакос да тргне со десет врзани поени. Серијата беше прекината со тројката на Мур по што се врати резултатската неизвесност. Во последната минута се влезе со поените на Ндаје за водство на Олимпијакос од 91:92. Диара погоди за 93:92, по што на десет секунди до крајот на мечот,

Монтеро го врати водството на европскиот шампион. Последниот напад го имаше Виртус кој благодарение на тројката на Маркус Кар на една секунда до крајот дојде до триумф од 96:94.

Токму Кар до 22 поени и 10 асистенции ја предводеше листата на стрелци кај Виртус каде се истакна Диара со 18 поени и 14 скока, додека во редовите на Олимпијакос, Ндаје даде 23 поени, Дорси 22, а Везенков 20 поени.

Во последниот натпревар, Париз пред своите гледачи со 82:78 го совлада фаворизираниот Жалгирис.

Се вчитува...