Вирусот „Винициус“ влезе и во Борусија Дортмунд

Откако пред неколку недели на „Ел-Класико“ играчот на Реал Мадрид Винициус, јавно го изрази незадоволството откако беше заменет од натпреварот, по што одби да се ракува со својот менаџер, сега истото го стори и играчот на Борусија Дортмунд, Серху Гираси.

На вчерашното дерби во Леверкузен, Гираси беше заменет во 61. минута, а измената воопшто не му се допадна на самиот играч, кој одби да се ракува со тренерот Нико Ковач, а потоа ги игнорираше и останатите соиграчи на клупата.

Оној кој влезе на неговото место Фабио Силва, асистираше за вториот гол на „милионерите“ со кој Борусија ја однесе победата во Леверкузен со 1-2.

После мечот и самиот Нико Ковач потврди дека Гираси бил лут, но и дека двајцата ги „испеглале“ односите уште во соблекувалната.

„Нормално дека приметив дека е лут, но разговаравме во соблекувалната, и му објаснив зошто е заменет, по што тој разбра. Сега се е во ред во нашите односи“, рече Ковач.

Сепак, после Ел Класико односите на Винициус и тренерот на Реал Мадрид никогаш не се подобриле, а дали ќе биде така и во таборот на „милионерите“ останува да се види.

Се вчитува...