Македонскиот репрезентативен стопер Висар Муслиу, зимава направи трансфер во Белгија, и потпиша за Сент Труден, клуб во најсилната лига на оваа земја.
Муслиу доаѓа како слободен агент од Падеборн, откако му истече договорот со германскиот второлигаш, и истиот не беше продолжен, па се реши да ја смени средината.
Стоперот е во Германија од 2022 година, а играше и за Инголштад. Претходно настапуваше за унгарски Фехервар, Приштина од Косово, а во Македонија играше за Ренова, Вардар и Шкендија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА