Висар Муслиу потпиша за Падерборн

Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Висар Муслиу кариерата ќе ја продолжи во Втората германска лига каде денеска официјално стави потпис со Падерборн.

Во популарната „Цвајте“ 28-годишникот доаѓа од третолигашот Инголштад, а во минатото беше дел и од МОЛ Фехервар, Шкендија, Приштина, Вардар и Ренова.

„Висар е во најдобрите фудбалски години и е добар микс на искусен играч и физички зрел, што е важно за неговата позиција. Веруваме дека како професионалец ќе даде стабилност на нашиот тим на теренот“, вели спортскиот директор на германскиот клуб, Бенџамин Вебер.

Се вчитува...