Висар Муслиу пред заминување од Падерборн

Македонскиот репрезентативец Висар Муслиу, би можел да го напушти Падерборн, и тоа уште во јануарскиот преоден рок. Ова е можно ако стигне некоја интересна понуда за македонскиот стопер, со оглед дека има уште некој месец од неговиот договор.

Муслиу има договор до јуни со германскиот второлигаш, и извесно е дека истиот нема да биде продолжен. Со оглед дека само уште некој месец ќе биде дел од Падерборн, тимот ги разгледува опциите да го продаде во последните денови од преодниот рок.

„Работам напорно секој ден, во моментов целосно фокусиран на Падерборн. Но, доколку дојде конкретна понуда пред крајниот рок за трансфер, ќе разговарам со клубот“ – вели Муслиу.

Муслиу во 2023 година стигна во Падерборн од Инголштад, а во меѓувреме на неколку меча ја носеше и капитенската лента на овој тим.

Се вчитува...