Висар Муслиу: Со мислите кон три бода патуваме за Прага

Македонската репрезентација попладнево со чартер лет од скопскиот аеродром од 16 часот патува за Прага каде во сабота (14. октомври) ја очекува пресметката со Украина во квалификациите за ЕП 2024.

Повеќе од значаен натпревар за избраниците на Боби Милевски кои се свесни дека само со триумф против Украинците може да се надеваат до крај за освојување на втората позиција на табелата.

„Во оваа наша група, ако погледнете дека се селекции како Англија, Италија, Украина, секој натпревар е важен. Нормално, дека триумфот е добредојден секогаш и со таква намера патуваме во Прага па искрено се надеваме дека ќе дојдеме до трите бода“ – вели дефанзивецот Висар Муслиу пред денешното заминување за Прага.

Се вчитува...