Шкупи ја продолжува потрагата по првата победа во пролетниот дел од сезоната. Иако тимот сè уште ја бара својата препознатлива форма и гол-серија, оптимизмот во таборот на чаирчани останува висок пред претстојниот дуел со Арсими.
По двете воведни соочувања во пролетната полусезона, во кои тимот прими девет гола, натпреварот против Македонија Ѓ.П. покажа дека младите фудбалери се на вистинскиот пат на развој. Со малку повеќе спортска среќа, токму тие можат да бидат креатори на следното изненадување на теренот.
Тренерот Алиса Виши верува во капацитетот на својот тим и нагласува дека дисциплината е клучниот фактор за успех на претстојниот натпревар во Гостивар.
„Како тренер, имам максимална почит кон противникот, но во овој натпревар влегуваме со целосна верба во нашите млади фудбалери. Работевме напорно во текот на целата недела и свесни сме дека фудбалот често ги наградува храброста, дисциплината и борбениот дух“, изјави Виши.
Виши е свесен дека желбата на младите таленти за докажување може да биде главниот двигател за позитивен резултат.
„Ќе се бориме за секоја топка и за секоја минута од натпреварот, давајќи го максимумот за клубот и за нашите навивачи“, заклучи Алиса Виши.
Натпреварот помеѓу Шкупи и Арсими ќе се одигра на стадионот во Гостивар со почеток во 14:00 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

