Селекторот на шкотската репрезентација, Гордон Страхан, се истакна со најлошото алиби во историјата на фудбалот, посочувајќи дека генетиката на шкотските фудбалери е причина поради што оваа селекција не успеа да обезбеди пласман на Мундијалот во Русија.
„Генетски сме уназадени. Во минатите квалификации бевме втора најниска репрезентација веднаш по Шпанија. Морав да селектирам тим кој би требало да биде конкурентен во воздушни дуели при прекини. Можеби како земја треба повеќе да внимаваме на тие работи, на пример, да ги спојуваме високите жени во нашата држава со високите мажи, и да видиме што ќе добиеме. Но, проблемот е голем, бидејќи мора да се бориме за секоја топка, да го надскокаме ривалот, не им е лесно на моите репрезентативци. Никој не може да ме убеди дека словенечките фудбалери, со исклучок на еден играч, се технички подобри од нас. Тие се само поголеми од нас“, вели Страхан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА