Ракометарите на Висла Плоцк славеа на гостински терен против Динамо Букурешт со 26-27 во меч од претпоследното 13. коло од групната фаза во Лигата на шампионите и со тоа ги сведоа на минимум надежите на Е. Пелистер за пласман во нокаут фазата. Kрајевски со седум гола беше прво име кај полскиот тим, додека кај Романците Акименко постигна шест гола.
Иако пелистерци ги чекаат до крајот два натпревар, против Фуксе Берлин и ПСЖ, мали се шансите за пласман во нокаут фазата бидејќи ќе мора барем еден од фаворитите да изненадат за пласман во осминафиналето.
Во вториот натпревар од програмата од 18.45 часот Алборг не дозволи изненадување против ППД Загреб славејќи на домашен терен со 33-30. Дури четворица играчи во победничкиот табор постигнаа пет гола (Турин, Бјорнсен, Јул и Мун), додека кај поразените Филип Главаш заврши со осум погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

