Висла Плоцк го шокираше Нант

Висла Плоцк приреди вистинска сензација откако во првиот натпревар од осминафиналниот двомеч во Лигата на шампионите го совлада фаворизираниот Нант со убедливи 28-25 и со тоа направи голем чекор кон пласман во четвртфиналето во елитата.

Домашниот тргнаа фуриозно уште од самиот старт на мечот. Го полнеа голот на противникот буквално од секоја позиција, па на пауза имаа убедливи 17-12.

Во вториот дел Нант намали дел од негативата, но тоа не беше доволно за ништо повеќе од пораз од 28-25.

Се вчитува...