Ракометарите на Висла Плоцк ја запишаа и втората победа во исто толку натпревари сезонава во Лигата на шампионите откако во последниот меч од денешната програма славеа на домашен терен против ППД Загреб со 30-27.
Домаќините одиграа многу подобро во првото полувреме па по 30 минути игра имаа позитива од четири гола 17-13. Хрватскиот шампион заигра подобро во вториот дел па на пет минути до крајот намали на само минус два (26-24). Сепак, до крајот Полјаците ја стабилизираа својата игра и на крајот стигнаа до триумф од 30-27.
Митја Јанц со седум гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Бјалуски исто така постигна седум гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

