Карпош соколи немаше проблеми да ја оправда фаворитската улога на гостувањето против Кожув, лесно трумфирајќи во Гевгелија со убедливи 78-109. Со тоа, „соколите“ барем за момент ги оставија зад себе проблемите и неизвесноста околу функционирањето на овој клуб во иднина, воедно и прекинувајќи ја серијата од три порази, два во Еврокупот на ФИБА и оној во домашното првенство на домашен терен од Фени индустри.
Помалку од пет минути му беа доволни на актуелниот вицешампион да поведе со двоцифрена разлика (5-16), како најава за лесната победа. На полувреме се замина со резултат 47-58, за потоа „соколите“ уште повеќе да доминираат во преостанатите 20 минути и на крајот да слават со конечни 31 поен разлика.
Лабовиќ со 20 поени беше најефикасен кај Карпош соколи, Соколов при враќањето во тимот постигна 17 поени, а Николовски и Ѓуроски реализираа по 14 поени во лесниот триумф. Најдобри поединци кај домашниот тим беа Мишковиќ со 23, Пековиќ со 16 и младиот Миодраг Тодоровиќ со девет поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА