Вистината на виделина: Французинот Јоро под закана потпишал на „Олд Трафорд“

Францускиот дефанзивец Лени Jоро е нов член на Манчестер Јунајтед. И покрај објавите дека тој го одбрал Јунајтед, пред Реал Мадрид и Ливерпул кои исто така беа заинтересирани за него, сепак вистината е сосема поразлична.

Фабрицио Романо денеска информира дека Јаро под закана потпишал за Јунајтед. Неговиот досегашен клуб Лил му се заканил на Французинот дека ќе седи на трибините цела сезона доколку планира следното лето да замине во Реал Мадрид како слободен играч.

„Лил изврши голем притисок врз Лени Јоро. Познато е дека Реал Мадрид беше еговиот сон. Но, Лил му рекол на играчот дека ако остане, ќе седи на трибините цела сезона доколку има намера да го напушти клубот без обештетување и да замине во Реал Мадрид како слободен агент следното лето“ – вели Романо.

Па, Јоро решил да ја прифати понудата на Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...