Вистината за сексот на Олимписките игри – Забава по забава и многу алкохол

Поранешната германска атлетичарка, Сузан Тидке откри што навистина се случува во Олимписките села за време на најголемата спортска манифестација.

Годинашните игри во Токио ќе бидат најчундите во историјата бидејќи нема да биде дозволено присуство на публика, а истовремено ќе биде ограничен и контактот на на спортистите меѓу себе.

Тоа значи дека романсите и врските за една ноќ кои се случуваа во минатото, а за што сведочи и поранешната атлетичарка Сузан Тидке сега нема да се случат.

„Забраната е смешна. Тоа не може да функционира. Сексот секогаш е проблем во олимпиското село. Спортистите на игрите се во врв кога е во прашање физичката подготовка, а кога ќе заврши натпреварувањето сакаат да се ослободат од таа енергија. Тоа е забава по забава со многу алкохол. Се случува спортистите да имаат сексуален однос и многу мечтаат за тоа. Тренерите секогаш ни велеа додека не ти дојде денот на натпреварот дека не смееш да имаш секс, но по завршувањето ни беше дозволено се“, вели Тидке. 

Се вчитува...