Вистинска драма меѓу Фоден и неговата девојка на луксузна плажа на Крф (ВИДЕО)

Фудбалерот на Манчестер Сити, Фил Фоден е голем фудбалски потенцијал и еден од најголемите таленти од Англија, но неговото однесување надвор од терените веќе во неколку наврати направи да биде во центарот на вниманието на таблоидите.

Фоден се наоѓа на летен одмор во Грција, поточно на Островот Крф од каде угледниот таблоид „Сan“ добил видеа од лица кои се нашле на местото на настанот.

Имено, Фоден бил избркан од еден елитен бар на плажата поради кавга и драма што ја направил со својата девојка, Ребека.

Како што сведочат присутните за „Сan“, Ребека разбеснала и предизвикала инцидент откако сфатила дека Фоден се допишува со друга девојка преку Инстаграм пораки, по што настанала голема расправија и врева поради која двајцата биле избркани од обезбедувањето.

На прикажаното видео се гледа како Ребека бесно му вика на фудбалерот на Манчестер Сити, кој без да возврати во тој момент го напушта барот.

„Дали мислиш дека сум глупава? Кажи и го тоо … Не може да одиме со тебе никаде, секогаш се случува ова…“, се дел од зборовите кои ги упатила Ребека.

 

 

 

Се вчитува...