Вистинска драма на осминафиналето меѓу Германија и Данска: Специјалци бркале маскирано лице на покривот на „Вестфален“

Одличен натпревар во Дортмунд помеѓу Германија и Данска, во кој посреќни беа Германците и се пласираа во 1/4 финалето на ЕВРО 2024 на кое се домаќини. Во финишот на полувремето имаше прекин, поради грмотевици и силниот дожд во Дортмунд, но после 15 минути пауза, продолжи мечот.

Пред почетокот на второто полувреме дојде до нова конфузија. Разговорот на судијата Оливер со капитените на Германија и Данска предизвика загриженост дека натпреварот повторно ќе биде прекинат, бидејќи маскиран маж се качил на покривот на стадионот и наводно бил вооружен.

Специјалната германска полиција интервенираше за да го отстрани. Полицијата подоцна потврди дека се работи за 21-годишен хулиган, но неговиот мотив останува непознат.

Се вчитува...