Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, ја освои пол-позицијата на последната трка од Формула 1 во сезоната, во Абу Даби.
Ферстапен го извози најбрзиот круг за 1:22:207. Зад него останаа неговите главни конкуренти Ландо Норис и Оскар Пјастри. А, Џорџ Расел, Шарл Леклер, Фернандо Алонсо, Габриел Бортолето, Себастијан Окон, Исак Хаџар и Јуки Цунода, исто така, завршија во првите десет.
Луис Хамилтон не успеа во Q1, исто како и Александар Албон, додека Карлос Саинц и Кими Антонели беа елиминирани во Q2.
Британецот е прв во генералниот пласман со 408 поени, бранителот на титулата има 396, а Пјастри има 392 поени.
За Норис, минимум трето место е доволно за титулата, додека Макс Ферстапен мора да победи. Во случај Холанѓанецот да го освои првото место, за да ја освои титулата, Норис не смее да биде на подиумот.
MAX VERSTAPPEN TAKES POLE FOR THE TITLE DECIDER!!!#F1 #AbuDhabiGP pic.twitter.com/lu5gjpcYfK
— Formula 1 (@F1) December 6, 2025
Последната трка од сезоната е закажана за утре (недела) во 14 часот по македонско време.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

