Дури девет играчи ќе ја напуштат Воска Спорт во јануарскиот преоден рок. Тимот од Охрид им се заблагодари на многу фудбалери, дел од нив стандарни првотимци низ есенскиот дел од сезоната.
Воска објави дека се разделува со: Маумет Шакир, Албан Мехмеди, Тарик Демишоски, Антонио Илиески, Марко Вуковиќ, Хабибула Аскар, Дестан Адили, Христијан Јанкулоски и Јазин Казимоски.
Клубот им се заблагодари на соработката, и им посака среќа во иднина.
Оваа одлука на раководството на клубот е помалку зачудувачка, ако се има во предвид дека екипата ја чека жестока битка за опстанок. Воска е на последното место со 12 бодови од 18 меча, и само еден помалку од Вардар и од Беса, и два од Тиквеш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА