Вистински капитен: Собослаи го прослави триумфот на Унгарија со дресот на повредениот Варга (ФОТО)

Натпреварот помеѓу Шкотска и Унгарија го одбележа голема драма откако Унгарците во последната минута од средбата успеаја да ја затресат мрежата на Ган со што го осигураа третото место во групата „А“ и најверојатно пласманот во нокаут фазата на Европското првенство во Германија.

Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Шобот кој од трагичар во 92, стана херој во 100. минута, но победоносниот гол остана во сенка на капитенот Доминик Собослаи кој веднаш по голот на неговиот сонардоник тргна кон клупата и го зема дресот на Барнабаш Варга кој колабираше на теренот по еден дуел во противничкиот шеснаесетник и мораше да биде изнесен надвор со помош на носилки.

Се вчитува...