Вистински МВП: Јокиќ денот за одмор го искористи за дружба со ќеркичката Огњена (ВИДЕО)

Српскиот кошаркар од редовите на Денвер Нагетс одново ја воодушеви јавноста во Соединетите американски држави откако денот за одмор во НБА лигата го искористи за уживање со својата жена Наталија и ќерка Огњена.

Семејството Јокиќ беше „уловено“ во забавен парк во Денвер каде актуелниот МВП на финалната серија и самиот беше атракција. Србинот на себе носеше црна маица на која пишува „Брате“ во чест на прерано починатиот српски тренер Дејан Милојевиќ.

Се вчитува...