Вистински пекол за Атлетико: Три пати против Барселона и два пати против Реал во следните девет меча

Атлетико Мадрид има навистина добра сезона досега. Тимот на Диего Симеоне е на третото место на првенствената табела со 50 бодови, еден помалку од лидерите Барселона и Реал. Сепак, пред неа е вистински „пеколен“ распоред во следниот месец.

Атлетико прво гостува кај Валенсија во првенството, а в среда ќе се соочи со Барселона во првиот полуфинален натпревар од Купот. Потоа го пречекуваат Атлетик на 1 март во првенството, а три дена подоцна играат со Реал Мадрид во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите .

Предизвиците не завршуваат тука, бидејќи „колчонерите“ играат на гости кај Хетафе на 9 март, а реваншот против Реал е на 12 истиот месец. По тој меч ќе имаат домашен меч со Барселона во првенството, потоа нешто полесен противник на хартија (Еспањол на гости на 30 март), а потоа реваншот од Купот против Барселона на 2 април.

Така, шпанскиот клуб во следните месец и половина ќе има луд распоред кој ќе ја режира нивната сезона.

РАСПОРЕДОТ НА АТЛЕТИКО:

Валенсија – Атлетико 22.02

Барселона – Атлетико 25.02. (Куп)

Атлетико – Атлетик Билбао 01.03.

Реал Мадрид – Атлетико 04.03. (Лига на шампиони)

Хетафе – Атлетико 09.03.

Атлетико – Реал Мадрид 12.03. (Лига на шампиони)

Атлетико – Барселона – 16.03.

Еспањол – Атлетико 30.03.

Атлетико – Барселона 02.04. (Куп)

Се вчитува...