Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на АТП турнирот во Женева, откако во првото коло го победи Унгарецот Мартон Фучовиќ во два сета, со 6-2, 6-3.
Србинот без поголеми проблеми го победи својот ривал, двапати направи брејк во првиот сет, за да покаже вистинска доминација во вториот, каде што беспрекорно сервираше и направи брејк во клучен момент и конечно го доби мечот.
Ова беше прва победа на Новак оваа сезона во воведните натпревари на турнир по три порази по ред, првиот на земјена подлога, а изданието што го имаше денес е охрабрувачко за продолжението на сезоната.
Утре, Ѓоковиќ ќе игра во четвртфиналето против Италијанецот Матео Арналди, кој го елиминираше пред еден месец во Мадрид.
АТП турнирот во Женева се игра за награден фонд од 596.035 евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

