Ракометарите на Тиквеш и Еурофарм Пелистер 2 приредија вистинска борба, а ваквиот пристап кон играта им донесе реми со резултат од 31-31 во рамки на првата македонска ракометна лига.
Првото полувреме во Кавадарци донесе неизвесна борба меѓу Тиквеш и Еурофарм Пелистер 2. Двата тима одиграа одлична одбрана и постојано се следеа во играта „гол за гол“, а ваквиот пристап кон мечот им донесе реми, па на пауза се замина со резултат од 16-16.
И во вториот дел гледавме изедначена игра. Домаќините за момент покренаа иницијатива и направија разлика од три гола (27-24), но гостите не му дозволија разигрување на Тиквеш и брзо се вратија во игра. Еурофарм Пелситер 2 не успеа во последните минути да ја сочува минималната предност, па на крај се задоволија само со реми и подебла на бодовите со Тиквеш.
Дарко Кондев со шест гола беше најдобар кај домаќините, додека кај Еурофарм Пелистер 2 се истакна Емилијан Ѓорговски со девет гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА