Европскиот шампион ПСЖ стартуваше со победа во новата сезона во Лига 1. Парискиот тим триумфираше минимално со 0-1 на гостувањето против Нант, но сосема доволно за први три бода.
Во главно израмнет натпревар, ПСЖ до победата дојде благодарение на голот на Витиња во 67. минута од средбата.
Витиња шутираше од 18 метри, топката се одби од еден од домашните дефанзивци, и изненадувајќи го голманот на Нант заврши во мрежата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

