Борусија Дортмунд денеска го комплетираше својот најзначаен трансфер за летово, откако на подготовките на „милионерите“ се приклучи Алекс Витсел. Белгискиот ас доаѓа од Тианџин за сума од 20 милиони евра, а со Борусија потпиша четиригодишен договор за плата од 7,5 милиони евра по сезона.
Тој денеска се сретна со клупската управа, тренерот и новите соиграчи, а се очекува од утре да се приклучи на тренинзите на клубот од Дортмунд.
„По завршувањето на СП 2018 моја единствена цел беше да си заминам од Кина и да се вратам во Европа. Пресреќен сум што доаѓам токму во Борусија, тоа е клуб што не се одбива и воопшто не размислував штом ја добив понудата. За мене Борусија е еден од најдобрите клубови во Европа, да бидам искрен едвај чекам да заиграм пред 80.000 навивачи на домашните натпревари“ – изјави Витсел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА