Белгискиот интернационалец Аксел Витсел е пред трансфер во редовите на германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд. Тој во текот на денешниот ден треба да ги изврши медицинските прегледи и потоа да стави потпис на договор со „милионерите“.
Раководството на Борусија Дортмунд на кинескиот клуб Тианџин куанџиан ќе му исплати отштета од 20 милиони евра, со оглед дека Белгиецот има актуелен договор до 2019 година.
За услугите на Витсел беше заинтересиран и Пари Сен Жермен, но по се изгледа дека Борусија Дортмунд ќе победи во оваа трка и ќе го добие белгискиот интернационалец во своите редови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА