Витсел објави крај на репрезентативната кариера

Белгискиот фудбалер Аксел Витсел објави крај на репрезентативната кариера.

34-годишниот Витсел за „црвените ѓаволи“ дебитираше во 2008 година, запишувајќи вкупно 130 настапи за националниот тим што го носи на второто место на сите времиња. Пред него е само Јан Вертонген со 147 репрезентативни настапи.

Актуелниот член на Атлетико Мадрид учествуваше со Белгија на три светски првенства (2014, 2018 и 2022) на две европски првенства (2016 и 2020), а нејголемиот негов успех е на СП 2018 во Русија кога стигна до бронзениот медал.

Освен Витсел крај на репрезентативната кариера оваа година објавија уште тројца Белгијци од „златната генерација“ – Еден Азар, Тоби Алдервирелд и Симон Мињоле.

Се вчитува...