Екипата на Алкалоид стигна до третиот триумф во македонската Суперлига, откако во групата „А“ денеска го совладаа тимот на Еурофарм Пелистер 2.
Избраниците на Кире Лазаров немаа големи проблеми, откако го решија победникот уште по првиот дел, кога водеа со дури 8 гола разлика (23-15). На крајот само ја зголемуваа разликата, и на крајот за убедливи 13 разлика (42-29).
Митев и Џонов беа најефикасни стрелци на мечот со седум гола, додека шест постигнаа Петковски и Савревски. Маркоски со шест беше најефикасен кај поразениот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА