Виз Ер Скопски маратон чекор напред во воведување иновативни технологии во регионот

Во соработка со eventbaxx од Германија, Виз Ер Скопски маратон оваа година воведува иновативен новитет, дигитален стартен пакет. Спонзорите, тркачите и животната средина, сите ќе имаат придобивки од новиот концепт, кој се спроведува низ целиот свет.

Концептот, заснован на eventbaxx и Виз Ер Скопски маратон, ќе се фокусира на одржливост и дигитализација. Главната цел ќе биде потполното задоволување на потребите на учесниците. Eventbaxx ги заменува флаерите и други хартиени материјали. Така, Виз Ер Скопски маратон и спонзорите ќе можат директно да им се обратат на сите учесници. Секој тркач на својата емаил адреса добива дигитален пакет кој вклучува корисни информации за трката и понуди од спонзорите. Промоциите презентирани во дигиталниот пакет се со висока додадена вредност за сите тркачи. Проектот за одржливост и намалување на користењето на хартија совршено се вклопува во концептот на Виз Ер Скопски маратон за намалување на емисиите на стакленички гасови и за зачувување на животната средина.

“Се радуваме на потенцијалната долгорочна соработка со eventbaxx, бидејќи Виз Ер Скопски маратон не претставува само движење за активно и здраво живеење во Македонија, туку се грижиме и за животната околина. Сакаме да го намалиме непотребниот отпадок од хартија и отпадните материјали на спортски настани и истото да го замениме со транспарентна, корисна алтернатива. Покрај тоа што нашите спонзори ќе имаат поголем увид во директниот маркетинг преку разни алатки, фокусирани сме на одржливоста и даваме дополнителна вредност на сите наши учесници во сите трки кои ги организираме, Виз Ер Скопски маратон, Авицена Женска трка и Скопје трча 10К” – велат од Сојузот на спортови на Скопје, организатори на трките.

Иновативноста на eventbaxx им овозможува на организаторите на разни спортски и други настани да ги подобрат можностите за дигитална комуникација и спонзорство со неверојатни можности. Прилагоденото решение секогаш обезбедува неверојатни перформанси преку обезбедување анализа и евалуација на повратните инвестиции во реално време. Eventbaxx се користи од страна на водечките маратони во светот, а еден од нив е и Берлинскиот маратон кој минатата година ја воведе оваа услуга.

www.eventbaxx.com

Пријавувањето за Виз Ер Скопскиот маратон е во тек и на 28 февруари истекува третиот бран на пријавување. За повеќе информации може да се посети страната:

www.skopskimaraton.com.mk

Се вчитува...