Во хотел Парк и Спа се одржа завршната манифестација на Виз Ер Скопски Маратон, на која присуствуваа сите партнери и учесници на ова спортско случување.
Сојузот на спортови на град Скопје, кои се организатори на ова спортско случување уште еднаш потврдија дека за целокупната успешност се заслужни учесниците, покровителите, поддржувачите, спонзорите и соработниците. Без нив Виз Ер Скопски маратон не би бил тоа што е денес. Затоа, на вчерашната свечена церемонија беа доделени наградите за најдобрите тимови на полумаратонот, најдобрите тимови на 5км трката и најдобрите тимови на штафетен маратон. Клучен дел од маратонот беа и навивачите кои правеа фотографии и кои излегоа на улиците со транспаренти да ги бодрат учесниците. На најдобрите, најинтересните и најзабавните им беа доделени наградите за најдобар транспарент и најдобра фотографија.
На свечената церемонија беа додели награди за најдобрите женски тимови во полумаратон и тоа – прво место за NRC – Nike Running Club Скопје, второ место за Атлантик Група и трето место за Делта. Во машка категорија АК Работнички освои прво место, втори беа NRC Скопје и Делта добија трето место. Најдобри 3 тимови на 5км трката од жените беа Nike+Run Club Belgrade, Телеком и Алкалоид – Здравјето пред сѐ од вкупно 159 женски тимови. Најдобрите машки тимови NRC – Скопје, Nike Running Club Belgrade и Делта беа наградени како најбрзи од вкупно 164-те машки тимови. Од женските тимови на штафетниот маратон најдобри беа Стара МО, ОК Златоврв и ФЕИТ, а најдобри од машките тимови беа АРМ, ОК Златоврв и Сеавус. Свечена награда беше доделена и на најмасовниот тим со 306 пријавени, Johnson Matthey.
Прво место за најдобар транспарент беше Ѓорѓи Филиповски, а второто место го делат Љубомир Стојчески и Методија Бунтевски.
За најдобра фотографија прво место зеде Борче Поповски, второ Орце Поповски и трето место Анета Цветкова. Тие добија вредносни награди од Виз Ер и РиСпорт и организаторите на Виз Ер Скопски маратон.
Тенденцијата на зголемување на популарноста на Виз Ер Скопски маратон продолжува. Оваа година на улиците ширум Скопје истрчаа 10.500 учесници, а значајноста на овој развој зависи од самата организација која Сојуз на спортови на Скопје и тимот на Виз Ер Скопски маратон ја надминуваат од година во година, што со бројките на учесници, така и со самите трки кои се одржуваат.
„При секоја спортска манифестација како Виз Ер Скопски маратон, Авицена Женска трка и Скопје трча 10КМ воведуваме новитети кои имаат за цел да го подобрат самиот настан. Оваа година се одржа и традиционалната хуманитарна Pasta party на која беа собрани 84.600 денари за „Проект среќа“ и акцијата „Здраво шампиони“. Еден од главните аспекти оваа година беше и промоторката, светска рекордерка во маратон, Пола Редклиф. Нејзиното позитивно искуство во Скопје ја поттикна и да трча на 5км трката при што таа застана пред самиот финиш и ги бодреше тие кои ја поминуваа последната линија.“, порача Кире Синадиновски, директор на Виз Ер Скопски маратон.
„Приказната и напредокот на Виз Ер Скопски маратон се неостварливи без покровителите како Град Скопје, Делегација на ЕУ во Скопје, Агенција за млади и спорт, партнерите, поддржувачите, и најважно учесниците.“, истакна Ѓорги Кузмановски, претседател на Сојуз на спортови на Скопје.
Виз Ер Скопски маратон ги повикува заинтересираните во овој спорт да се подготвуваат уште сега затоа што сезоната на трчање повторно ќе биде отворена во октомври со Скопје трча 10КМ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА