Вкупно 17 маратонци од седум држави во машка и женска конкуренција се пријавени за учество на годинашното 38. издание на Охридскиот пливачки маратон кој на 30 август ќе се одржи во водите на Охридското езеро
Како што е познато најпрестижната домашна спортска манифестација се одржува во рамките на „Ohrid Water Festival“, сега со силна интернационална конкуренција на која ќе и се спротистават и четворица пливачи и една пливачка од Македонија.
Во машка конкуренција ќе настапат 10 пливачи: Александар Илиевски (Македонија), Леонид Мишевски (Македонија), Петар Цеков, (Македонија), Лазар Поп Трајков (Македонија).Акуилес Балаудо (Аргентина), Матео Фурлан (Италија), Хуго Риберио( Португалија), Матиас Дијас Хернандес (Аргентина), Федерико Тамборино (Италија) и Марко Инглима (Италија).
Во женска конкуренција, пак, ќе настапат седум пливачки: Росана Гошева (Македонија),Елена Лионело (Италија), Алисја Гедриш (Полска), Милица Љубисављевиќ (Србија0, Ерика Абигал Јенсен (Аргентина), Еда Сајин (Турција) и Мајте Ајлен Пука (Аргентина).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

