Влада Новевски, момчето кое се издвои на тестовите на Македонија со Кипар

Еден од најголемите таленти на македонскиот фудбал, Влада Новевски се издвои од македонскиот состав на последниот собир на репрезентацијата до 17 години предводена од селекторот Горан Станиќ.

На двата тест дуели со Кипраните, во македонскиот состав се издвои без конкуренција фудбалерот од средниот ред на новосадска Војводина, и покрај фактот дека со 16 години  игра во селекцијата на Македонија за играчи до 17 години која се подготвува за квалификациите за ЕП.

vlada novevski 2

На првиот тест дуел, Новевски ја спаси Македонија од пораз. Кипраните постигнаа два гола за водство од 0-2, а потоа во второто полувреме на сцена стапи членот на Војводина кој со два гола, во 55. минута и во 80. минута донесе конечни 2-2 за црвено-жолтата селекција.

Репрезентации до 17 години – пријателски натпревар:

МАКЕДОНИЈА – КИПАР 2-2 (0-2)

Тренинг центар „Петар Милошевски”. Стрелци: Влада Новевски 55`, 80` (М), Какули Андроникус  28`, 32` (К).

МАКЕДОНИЈА: Марко Алчевски, Кристијан Трпчевски, Ален Личина, Емил Скоко, Јован Манев, Божидар Митревски, Кире Трпчевски, Влада Новевски, Димитар Тодоровски, Сухељ Мухарем, Џемал Ибиши; Селектор: Горан Станиќ;

Се вчитува...