Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Владан Новевски е избран во тимот на колото во Првата лига на Србија.
21-годишниот Новевски e фудбалер на новосадска Војводина, а оваа есен игра како позајмен фудбалер во редовите на српскиот прволигаш Кабел од Нови Сад. Во 14. коло од српскиот шампионат беше најдобар поединец во својот тим во победата од 3-1 против Дубочица, запишувајќи и две асистенции.
Новевски е незаменлив на десната бековска позиција, но и на деснокрилната офанзивна позиција во Кабел, издвојувајќи се како еден од најдобрите фудбалери на својот тим оваа есен.
Владан Новевски, како што е познато, ги мина сите младински репрезентации на Македонија до 15, 17 и до 19 години, а со генерацијата до 17 години која пред шест години ја предводеше Горан Станиќ беа блиску и до пласман на Европско првенство, играјќи во елитните квалификации во Полска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

