Младата кошаркарска репрезентација до 18 година, која стана европски шампион на Европското првенство Б дизвизијата кое се играше во Скопје, ќе биде наградена за успесите и осумте последователни победи.
Владата на Македонија на денешната седница донесе одлука да ги награди кошаркарите со 3 милиони денари.
„Владата донесе одлука за награда во износ од 3 милиони денари на кошаркарите до 18 години кои освоија злато на европското кошаркарско првенство. Младите кошаркари издвојуваа 8 последователни победи“, стои во соопштението од Владата.
Веднаш по овој успех, младите кошаркари беа примени од страна на премиерот Христијан Мицкоски, а денеска на седница беше донесена одлука за нивно наградување за овој успех.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА