Владата ќе им помогне на одбојкарите

Доделување спортска сала на Одбојкарската федерација, за потребите на развојот на одбојката во Република Македонија, обезбедување соодветни просторни услови за тренинзи, финансиски средства согласно законските прописи, како и за можностите за поголема промоција на одбојката се дел од темите кои биле отворени на денешната средба на премиерот на Република Македонија, Зоран Заев и претставниците на Одбојкарската федерација.

„Покажавте одличен успех при пласирањето, за тоа изразувам почит кон Федерацијата во име на Владата и во мое име. Имате добри шанси за Европското одбојкарско првенство што ќе се одржи во септември оваа година. Сметајте на поддршката од Владата. Со повеќе мерки, како Влада имаме за цел да го поддржиме спортот, бидејќи нема подобар репрезент на државата од спортот и ништо не зближува повеќе од спортот“ – рекол Заев на средбата

Македонската одбојкарска репрезентација обезбеди прво историско учество на Европското првенство што ќе се одржува во септември годинава. Нашиот национален тим групната фаза од шампионатот ќе ја игра во Словенија.

 

 

Се вчитува...