Владата на Австралија со соопштение: Ако Новак ја добие жалбата ние секако можеме да го уапсиме

Владата на Австралија објави одговор од 13 страни на жалбата која ја поднесе Новак Ѓоковиќ која предизвика бурни реакции во светот. Србинот поднесе жалба на тоа што не го пуштаат да влезе во земјата, а неговото сослушување е закажано за вечерва на полноќ.

Од целото соопштение посебно се истакнаа две ставки…

„Не постои јасно правило ниту сигурност да странец може да влезе во Австралија. Постојат критериуми по кои ние тоа го одобруваме и имаме свои причини да одбиеме виза. Никој не му дава сигурност на никого дека медицинскиот исклучок ќе му биде прифатен. Ако судот донесе одлука обвинетиот да биде пуштен од карантин на слобода, ние и понатаму можеме да го ставиме во притвор, без разлика на одлуката на судот. Одлуката на судот да биде пуштен на слобода, не гарантира дека властите на Комонвелтот нема повторно да го уапсат“, стои во соопштението. 

 

Се вчитува...