Француската министерка за спорт, Амели Удеа-Кастера, ја покрена идејата за забрана на спортски настани во вечерните термини со цел да се заштеди електрична енергија од високиот напон на рефлекторите.
Спроед францускиот информативен канал France Info, ова би значело дека сите натпревари во Лига 1 и Лига 2 ќе треба да се играат во дневните часови за да се заштеди енергија во обид да се помогне во борбата против климатските промени. Во соработка со министерот за екологија Кристоф Бечу, министерката Амели дури сугерирала дека оваа забрана би можела да стапи на сила веќе оваа претстојна зима.
„Ова е една од опциите што ни се отворени … Решивме дека е време на заштеда, но и заеднички да придонесеме во борбата против климатските промени, можеби уште оваа зима преку спортот ќе ги поддржиме еколошките промени“, изјави таа.
Со зголемувањето на цените на енергијата плус можниот недостиг поради инвазијата на Русија на главниот снабдувач на гас и нафта, ова би било корисно решение со кое би се заштедидиле сметките за електрична енергија на фудбалските клубови и други спортски настани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА