Големиот инцидент што се случи за време на вчерашниот дерби дуел меѓу ПАОК и АЕК покрена лавина од реакции, а најкатегорична беше Владата на Грција, која утрово донесе одлука за прекин на фудбалскиот шампионат на оваа земја. Несаканите случки во Солун се само последни од низата инциденти кои се случуваат со години наназад,
Поради ова, на денешната работна средба на Владата е донесена одлука да се стави фудбалско вето, се додека не бидат создадени услови за нормално функционирање на лигата.
„Веќе три години Владата се обидува да создаде услови за нормално играње и следење на фудбалски натпревари. Добивме многу битки, но исто така и има уште многу да се стори. Во секој случај, нема да дозволиме да се вратат старите навики и поради тоа решивме да го стопираме фудбалското првенство. Во следните денови ќе разговараме со федерацијата, со играчите и со лигата. Исто така, веќе сме во комуникација со УЕФА и децидни сме на својот став дека првенството нема да продолжи се додека не бидат поставени правила на игра и регулативи за нормално функционирање“ – се вели во соопштението на Владата на Грција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА