Владата одлучи: Се враќа младинскиот спорт, но со ПЦР-тестирање

Младинските натпреварувања на спортските терени ширум Македонија ќе може да продолжат по најновата одлука на Владата. На вчерашната владина седница беше донесена одлука за продолжување на мерките и за наредната седмица, но со исклучок за неколку категории за настани.

Една од нив е токму пдржувањето на пионерски, кадетски и младинки спортски натпревари, согласно сите протоколи, без присуство на публика, но и со извршено ПЦР-тестирање на сите актери пред натпреварите, организирано од клубовите.

„Исклучок се донесува и за организирање и одржување на пионерски, кадетски и младински спортски натпревари, како и професионални спортски натпревари, без присуство на публика  и исклучиво во согласност со наменски одобрени протоколи и по претходно извршено ПЦР тестирање пред натпреварите организирано од страна на клубовите“, се вели во одлуката на Владата.

Се вчитува...