Владата на Република Македонија донесе одлука за парична награда на јуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија, која ќе добие вкупно три милиони денари за освоеното прво место и златен медал на Европското Првенство – Б дивизија што се одржа во Скопје.
„Златните кошаркари“ во текот на вчерашниот ден беа примени од Премиерот Христијан Мицкоски и Министерот за Спорт, Борко Ристовски, за денеска да биде донесена одлуката за парична награда за оваа национална селекција.
„Оваа златна генерација донесе осум победи за Македонија. Горди сме на нивниот успех, со срце и енергија за Македонија и нејзината спортска промоција“, објави премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

