Владата со препорака: Спортските канали од 2022 година да емитуваат на македонски и на албански јазик

Спортските натпревари на ТВ-каналите што се емитуваат на територијата на Македонија во најблиска иднина ќе мора да бидат коментирани на македонски и на албански јазик.

Ова денеска беше донесено како официјална одлука на владината седница, која јасно пресече дека во иднина нема да биде дозволено Арена и Спортклуб да емитуваат во Македонија на српски и на хрватски јазик. Како последен рок за регулирање на оваа одлука се наведува крајот на оваа календарска година.

„Врз основа на извештајот на работната група за изнаоѓање начин за регулирање на јазично покривање на македонски и албански јазик на спортските канали кои се реемитуваат на територијата на Македонија, владата им препорача на сите радиодифузери што реемитуваат спортски содржини на територијата на Македонија, најдоцна до 31 декември да започнат да ги имплементираат одредбите од конвенцијата и да ги емитуваат спортските медиумски сервиси на македонски и на албански јазик“, објави Владата.

Се вчитува...