Легендарниот кошаркар Владе Дивац, вчера имаше сообраќајна несреќа во Црна Гора. Според информациите, во близина на Луштице, паднал од мотор, и веднаш беше пренесен во болница.
Српските медиуми објавуваат дека при падот, Дивац доживеал сркешница на колкот, и притоа веднаш бил опериран, каде што му бил вграден вештачки колк.
Дивац вчера по падот не можел да се движи, по што веднаш била повикана Прва помош, која го однела во болница, а за да не дојде до дополнителни компликации, на поранешниот ас на НБА му бил вграден вештачки колк.
Дивац често престојува на одмор во Црна Гора.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

