Владе Дивац стана Црногорец

Прославениот српски кошаркар, Владе Дивац доби црногорски пасош. Истиот му беше врачен од страна на премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ на чив личен предлог и се дојде до оваа идеја.

Дивац се заблагодари на доделениот пасош и истакна дека тоа емотивно многу му значи, наведувајќи дека неговите претци се од Црна Гора и дека со обѕир на тоа дека претходните години голем дел од времето го поминува во Луштица и затоа Црна Гора за него претставува втор дом.

За возврат тој на Абазовиќ му подари потпишан дрес од Лос Анџелес Лејкерс за кој своевремено Дивац настапуваше.

 

Се вчитува...