Владимир Егоров освои бронзен медал на ЕП во борење

Македонското борење по цели 12 години повторно има медал од Европското првенство за сениори. Владимир Егоров во категоријата до 57 кг. успеа да слави во борбата за третото место и стигна до бронзен медал. Тој го совлада Андреј Дуков од Романија, на поени со 7-5.

Последен пат Македонија се израдува на медал од континентално натпреварување во 2007 година.

Тој во осминафиналето загуби од Муслим Садулаев (Русија) со 2-5, но помина во репасаж и со туш го совлада Леван Метревели Вартанов (Шпанија), што му отвори шанса за борба за медал.

Се вчитува...