Владимир Егоров не успеа да обезбеди норма за ОИ 2024 во Париз на турнирот во Баку, Азербејџан, откако загуби со 4-3 од Разаде од Азербејџан. Егоров претходно триумфираше во 1/8 финалето и во 1/4 финалето, и само поен го делеше до пласман во финалето, и со тоа обезбедена норма.
За нашите борачи останува уште Светскиот квалификациски турнир во Истанбул, Турција во мај.
Претходно од турнирот елиминирани беа Магомедгаџи Нуров, Расул Шапиев и Вероника Рјабоволова. Нуров денеска беше поразен од Лефтер, додека Шапиев загуби од Капраев. Рјаболова вчера беше елиминирана од Андреа Ана.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА