По одлуките на ИОК во врска со спортистите од Русија и Белорусија, Обединетото светско борење (UWW) денес го извести Македонскиот олимписки комитет дека Владимир Егоров како највисоко рангиран борач од Олимписките квалификации во Баку, Азербејџан и како сè уште неквалификуван борач (слободен стил, категорија 57 килограми), со “А“ олимписка норма ќе може да настапи на Олимписките игри ПАРИЗ 2024.
„Оваа извонредна вест значи дека уште еден македонски спортист, овој пат со “А“ олимписка норма ќе настапи на Олимписки игри во Париз, кои ќе се одржат од 26 Јули до 11 Август 2024 година. Честитки до Владимир Егоров и сигурни сме дека во Париз ќе го покаже и ќе го даде своето најдобро.“, соопшти Македонскиот олимписки комитет (МОК).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА