Поранешниот селектор на женската ракометна репрезентација на Македонија, Владимир Глигоров, тренерската кариера ќе ја продолжи во Либан. Глигоров во ноември треба да ја преземе екипата на Ал Садака, а во комбинација е и селекторски ангажман на македонскиот тренер во репрезентацијата на Либан.
„Од ноември продолжувам со тренерската работа во Либан. Веднаш по семинарот за ЕХФ Мастер лиценца на 1 ноември во Загреб, патувам за Бејрут. Таму ќе работам со машка, а од оваа година и со женска екипа. Треба да се договориме и за мојот ангажман во нивната репрезентација. Имаше опција да заминам и во ОАЕ, но после два месеци чекање, не се договоривме и тој ангажман останува отворен евентуално за следната сезона“ – вели Владимир Глигоров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА