Поранешниот селектор на женската ракометна репрезентација на Македонија и на репрезентациите на Саудиска Арабија, Сирија и Либан, како и тренер на повеќе суперлигашки екипи во државата, Владимир Глигоров, е нов тренер на ракометниот клуб ГA.
Глигоров во клубот доаѓа на местото на Никола Матлиески, со кој клубот спогодбено го раскина договорот по натпреварот со Јуниор КВ на домашен терен, кој се одржа изминатиот викенд.
„Глигоров ќе ја води екипата во преостанатиот дел од сезоната, во плеј-аут лигата, каде што Голден Арт ќе се бори за опстанок во најквалитетното ракометно натпреварување во државата. Поранешниот селектор и нов тренер на клубот, доаѓа во период кога на Голден Арт му престојат две тешки гостувања, кај едни од најсериозните кандидати за опстанок во лигата, Куманово и Струга“, се вели во соопштението на клубот.
Првиот предизвик на Владимир Глигоров ќе биде гостувањето кај МРК Куманово, натпревар кој ќе се одигра во недела (26.02.2023 година) во 18 часот.“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА